08/08/2008
AНКАРА, Турција -- Tерористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за експлозијата во нафтоводот Баку-Тбилиси-Чејхан (БТЧ) во источна Турција, објавија медиумите во петокот (8-ми август). Првично, локалните власти рекоа дека експлозијата од средата беше предизвикана од проблем во системот, а не саботажа. Истата предизвика пожар во делот во близина на источниот град Рефахије во провинцијата Ерзинчан и го пресече текот на нафтата низ нафтоводот. Сепаратистичките курдски бунтовници, кои се активни во источна и југоисточна Турција, вршеа саботажи на гасоводите и нафтоводите во минатото како дел од нивната вооружена кампања за курдска автономија. Нафтоводот БТЧ, кој е сé уште во пламен, ќе остане затворен околу 15 дена, рече официјален претставник на претпријатието за нафта и гас БОТАС. Истиот пренесува нафта од Каспиското Море. (Заман, Ксинхуа, Фајненшал тајмс - 08/08/08; Хуријет, АП - 07/08/08)