08/08/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Полицијата издаде потерница по Предраг Стругар, син на поранешниот генерал на Југословенската народна армија Павле Стругар, под сомневање дека извршил воени злосторства, објави портпаролката на полицијата, Тамара Поповиќ во четвртокот (7-ми август). Заедно со седум други лица, Стругар е обвинет за убиствата на 23 цивили од етничките Албанци во селото Калуѓерски Лаз во Црна Гора за време на воздушните напади на НАТО во 1999 година. Неговиот татко беше осуден од Хашкиот трибунал на повеќе од седум години затвор за злосторствата извршени за време на воените операции во 1991 година во Дубровник, Хрватска. (Taнјуг, Б92, РТЦГ, МИНА - 07/08/08)