08/08/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Американската амбасада во Загреб објави дека Вашингтон не плати никаква награда за информациите што водеа до апсењето минатиот месец на поранешниот бегалец од босанските Срби обвинет за воени злосторства, Радован Караџиќ. Изјавата од четвртокот (7-ми август) беше одговор на извештајот од средата, на веб-страницата на бањалучкиот весник „Прес“, во кој се тврдеше дека американскиот Стејт департмент му платил некому награда од 5 милиони американски долари на 23-ти јули, само два дена по апсењето на Караџиќ, како дел од програмата Награда за правда. На веб-страницата, на која се цитираат „добро информирани западни дипломатски извори“, се тврди дека парите биле пренесени на банкарска сметка на Девствените острови. (ХИНА, Јавно, ФоНет, Политика - 07/08/08)