08/08/2008
AНКАРА, Турција -- Напад со минофрлач ги предизвика експлозиите во општинската зграда во Истанбул од четвртокот (7-ми август), според безбедносни извори. Цел на нападот во делот на Истанбул Ускудар бил, всушност, армиската команда, а не општинската зграда, како што претходно беше објавено. Четири минофрлачки гранати биле испалени кон грабиштата, на скоро 500 метри оддалеченост од армиската зграда, објави локална новинска агенција. Тројца работници беа полесно повредени во нападот и одведени во болница, рече началникот на полицијата во Истанбул, Џелалетин Џерах. Полицијата трага по две лица забележани како го напуштаат местото со мотор, објавија новинските агенции. (Хуријет, СНН Турк, НТВ, Тркиш прес, новинска агенција Анадолу, новинска агенција Доган, АНКА, АФП - 07/08/08)