Србија не е поблизу до апсење на Младиќ и Хаџиќ од порано, вели Љајиќ

08/08/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Шефот на српскиот национален совет за соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства, Расим Љајиќ, во четвртокот (7-ми август) рече дека во моментов нема специјални операции или претреси за двајцата преостанати хашки бегалци, Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ. Советот спроведува „нормални, рутински проверки на расположливите информации“, рече тој. „Не можам да кажам дека сме сега поблизу до некој од овие бегалци, отколку што бевме порано“, додаде Љајиќ. Во средата весникот „Блиц“ цитираше владини извори, според кои Младиќ ќе биде притворен и екстрадиран во Хашкиот трибунал до крајот на август. Според извештајот, владиниот план е тој да се уапси за време на летниот прекин со работата на парламентот. (Б92, Бета, Блиц, Танјуг, РТС - 07/08/08)