06/08/2008
AНКАРА, Турција -- Експлозија во нафтоводот Баку-Тбилизи-Чејхан во источна Турција предизвика пожар и го прекина дотурот на нафта преку нафтоворот рано во средата (6-ти август), објавија медиумите. Истата се случи во пумпата на делот во близина на источниот град Рефахије во провинцијата Ерзинчан. Локалните власти велат дека се работи за проблем во системот, а не саботажа. Властите работат на тоа да се стави пожарот под контрола. (новинска агенција Анадолу, Хуријет, АФП, Ројтерс - 06/08/08)