06/08/2008
АНКАРА, Турција -- Истрагата покажа дека недостатокот на персонал, најверојатно, е причина за смртта на дваесетината бебиња минатиот месец во државната болница во Анкара. Според извештаите на медиумите во средата (6-ти август), Министерството за здравство назначило тим од шест лекари да го испитаат случајот. Болницата „Зекаи Тахир Бурак“ потврди дека 27 новороденчиња починале таму во изминатите две недели, но за повеќето ги обвини компликациите поврзани со предвременото раѓање. Сепак, синдикатите на здравствените работници ги обвинија лошите санитарни услови и небрежноста. Истражната комисија откри дека вкупно 49 бебиња починале во болницата во јули, од кои една четвртина од инфекции. Сепак, исто така се покажа и пренатрупаноста: болицата со капацитет за 122 бебиња третирала просечно 148 бебиња во изминатиов месец. „Веруваме дека зголемениот број на бебиња и намалениот персонал се причината поради која дошло до смртните случаи“, рече др. Фахри Овали. (Заман, Сабах - 06/08/08, Тркиш прес, АП - 05/08/08)