06/08/2008
ТИРАНА, Албанија -- Министерот за надворешни работи, Лулзим Баша, побара од ОБСЕ да го ограничи присуството во земјата и да се фокусира само на изборните и судските реформи, објавија медиумите во средата (6-ти август). „Албанија достигна ниво на кое мора да ги промени процесите искористувајќи ги растечките професионални капацитети на албанските институции“, вели Баша во писмото испратено до ОБСЕ во мај. Сепак, ОБСЕ инсистира на комплетирање на својот мандат.
Во другите вести, владата усвои предлог со кој 17.000 полицајци ќе добијат покачување на платите за 10 отсто. Предлогот, исто така, ќе ги коригира основните плати според искуството и способноста. (Балканвеб, Газета шкиптаре, Кориери, Шекули, Панорама - 06/08/08)