06/08/2008
AТИНА, Грција -- Министерот за надворешни работи, Дора Бакојани, вели дека Грција нема да дозволи вклучување на прашањето на македонското малцинство во разговорите со Македонија под посредништво на ОН, околу нивниот долготраен спор за името. „Единственото прашање за кое ќе се дискутира е името“, изјави Бакојани за новинарите во вторникот (5-ти август), по состанокот со премиерот Костас Караманлис. Грчките и македонските претставници ќе се состанат со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, на нов круг разговори на 14-ти август во Њујорк. Ова ќе бидат први разговори откако Скопје побара од Атина да го признае постоењето на етничкото македонско малцинство во Грција минатиот месец. (Катимерини, Нафтемборики, Етнос, Та неа, Апогевматини, Елефтерос типос - 06/08/08; AНА-МПA, In.news - 05/08/08)