06/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Обвинителите за воени злосторства во вторникот (5-ти август) ги објавија плановите за покренување обвинение против двајца Срби за убиства во 1992 година на околу 700 муслимани во Босна. Во изјавата обвинителите рекоа дека Бранко Грујиќ и Бранко Поповиќ „намерно и во соработка учествувале во масовните убиства“ на муслимански граѓани. Во истата се вели дека тие ги извршиле злосторствата во близина на Зворник, недалеку од границата помеѓу Србија и Босна. Грујиќ и Поповиќ во тоа време беа на високи позиции во локалната власт. (AП, АФП, Бета, Б92, Блиц - 05/08/08)