Шест водачи на владејачката коалиција во БиХ ќе се состанат на 23-ти август

06/08/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Водачите на шест партии во владејачката коалиција на државно ниво ќе се состанат на 23-ти август во Сараево, потврди водачот на Партијата за демократска акција, Сулејман Тихиќ, во понеделникот (4-ти август). Состанокот ќе се одржи скоро шест месеци по претходната седница, во врска со клучната легислатива за полициските реформи, која го овозможи потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ. Преговарачите го договорија датумот за состанокот овој месец за време на неодамнешните разговори помеѓу високиот претставник Мирослав Лајчак и претседателите на партиите. Состанокот ќе се фокусира на прашањето на државните средства и спроведувањето на ДСА. (Дневни аваз - 05/08/08; Инфобрчко - 04/08/08)