06/08/2008
ХАГ, Холандија -- Обвинителите во Хашкиот трибунал за воени злосторства во вторникот (5-ти август) побараа од судиите во судскиот процес против Радован Караџиќ да ги дефинираат правилата по кои тој може да ја води сопствената одбрана. Барањето следеше откако Караџиќ претстави документ во кој тој изразува сомнеж во врска со правичноста на судот и ги обвини медиумите за пристрасност. Ова се случи за време на првото појавување пред судот на 31-ви јули. Следната седница е закажана за 29-ти август. (AП, РТС, Дневни аваз, СРНА - 05/08/08)