06/08/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Судот во Подгорица во вторникот (5-ти август) осуди група од 12 етнички Албанци на затворска казна врз основа на обвиненијата за планирање бунт. Судот одреди дека 12-темина, меѓу кои и четворица американски државјани со црногорско потекло, се виновни за заговор. Во својата пресуда судот вели дека заговорниците, кои го подготвувале планот помеѓу 2004 и 2006 година, сакале да создадат одделен, претежно албански регион во источниот дел од земјата. Полицијата ја уапси групата во септември 2006 година, непосредно пред парламентарните избори во Црна Гора, која само што прогласи независност од Србија. Судот осуди петмина други членови на истата група за нелегално поседување оружје и експлозиви. Седумнаесетмината добија казни од три до шест месеци и половина година. Првично, групата се соочуваше со обвиненија за тероризам.
Во другите вести, петмина поранешни војници на Југословенската армија беа уапсени во вторникот во Бјело Полје, врз основа на обвиненијата за извршени воени злосторства во 1999 година врз албански цивили во селото Калуѓерски Лаз. Ветераните се дел од групата од осуммина обвинети за нечовечки третман на 23 цивили. (РТЦГ, АП, Блиц, Макфакс, Б92, Бета, Фокус - 05/08/08)