03/08/2008
АНКАРА, Турција -- Полицијата во саботата (2-ри август) уапси три лица во врска со смртоносниот пад на интернатот во џентралното село Балчилар рано во петокот. Во падот, кој наводно бил предизвикан од протекување на гас, загинаа 18 девојчиња кои посетувале настава за Коранот, за време на летниот распуст. Други 27 беа повредени. Властите објавија дека уапсени се: претседателот на едно локално здружение кое ја поседувало зградата и ја организирало наставата, директорот на интернатот и заменик-директорот. Инспекторите велат дека летната настава била нелегална, бидејќи само владината Дирекција за верски прашања е овластена да организира вакви курсеви. Властите, исто така, рекоа дека 18-годишната зграда биле нелегална.
Во другите вести од саботата, во шумски пожар загина едно лица, а 60 куќи во популарниот туристички регион Анталија беа уништени. Едно лице се води за исчезнато. Пожарот уништи 4.000 хектари шума и се закани да уништи и историски места, вклучително и античкиот грчки амфитеатар во Аспендос. Шумските власти го опишаа пожарот како „катастрофа“. (Хуријет, СНН Турк, НТВ, Сабах, новинска агенција Анадолу, Ројтерс - 03/08/08; Хуријет, Радикал, новинска агенција Анадолу, Ројтерс, ББС, АФП, Еуроњус - 02/08/08)