03/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ прими нова смртна закана во врска со апсењето на бегалецот обвинет за воени злосторства Радован Караџиќ, објавија локалните медиуми во саботата (2-ри август). Група која се нарекува себеси „Праведни Срби“ му се заканила на претседателот во писмо до Виенската канцеларија на весникот со седиште во Франкфурт „Вести“. Во писмото се вели дека Тадиќ ги фаќа „српските икони“ додека Хашкиот трибунал „ги ослободува крадците и џелатите“, поради што Тадиќ ќе биде „биде распарчен“. Тадиќ. Тадиќ прими неколку смртни закани по апсењето на Караџиќ и неговата екстрадиција во Хашкиот трибунал минатата недела. Апсењето, исто така, предизвика серија протести -- од кои некои се претворија во судири со полицијата -- во Белград. (Б92, AП, РТС, Танјуг, Макфакс - 02/08/08)