Романија ќе соработува со Италија за ромските кампови

01/08/2008

РИМ, Италија -- Романскиот претседател Трајан Башеску во четвртокот (31-ви јули) рече дека неговата земја ќе соработува со италијанските власти на решавањето на проблемот со ромските кампови во Италија. По состанокот со италијанскиот премиер Силвио Берлускони за време на еднодневната работна посета на Рим, Башеску рече дека неговата земја сака да подготви заеднички план за помош на ромското население со романско државјанство, што живее во Италија. Берлускони рече дека италијанскиот министер за внатрешни работи, Роберто Марони, ќе го посети Букурешт следната недела, на разговори околу тоа како финансирањето на ЕУ може да помогне во интегрирањето на ромските заедници. (Meдиафакс, Агерпрес, Хотњус, Ксинхуа, Еуроњус - 31/07/08)