Новопојавена група ја презеде одговорноста за бомбашките напади во Грција

01/08/2008

АТИНА, Грција -- Новопојавена терористичка група ја презеде одговорноста за трите бомбашки напади во Грција помеѓу 2004 и 2008 година, објавија медиумите во четвртокот (31-ви јули). Организацијата, која се нарекува себеси Народна волја, испрати соопштение до весникот „Елефтеротипија“ во средата. Групата вели дека е одговорна за бомбашкиот напад на судот во централниот град Лариса во 2004 година, при што лесно беше повреден случаен минувач. Народна волја, исто така, ја презеде одговорноста за двата обиди за бомбашки напад во Атина -- врз канцелариите на германското фармацевтско претпријатие „Баер“ во јуни 2007 година и врз Економската и социјална комисија на Грција изминатиов вторник. (Tа неа, Елефтеротипија, In.news, СКАИ, АП - 31/07/08)