Шеснаесет ученички загинаа при уривање на интернат во Турција

01/08/2008

AНКАРА, Турција -- Женски интернат се сруши во централната провинција Коња рано во петокот (1-ви авуст), при што најмалку 16 ученички загинаа, а 24 се повредени, објавија властите. Околу шест ученички можно е сé уште да се заробени под урнатините. Уривањето веројатно го предизвикала експлозијата на голема гасна кутија, рече градоначалникот Мехмет Демиргул. Преку 40 девојчиња на возраст помеѓу 8 и 16 години спиеле во интернатот, кој е во сопственост на верска фондација. Ученичките посетувале курсеви за Коранот за време на нивниот летен распуст. (Хуријет, СНН Турк, новинска агенција Анадолу, АФП, АП, РИА Новости, ББС - 01/08/08)