31/07/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Владата лесно го преживеа гласањето за недоверба во средата (30-ти јули) во врска со нејзиното наводно неисполнување на критериумите на ЕУ и ефикасно управување со средствата на ЕУ. За иницијативата, шестта против владата на премиерот Сергеј Станишев откако дојде на власт во 2005 година, беше потребен најмалку 121 глас за да биде успешна. Истата доби само 84 гласови. Петте десничарски опозициски партии и 13 независни пратеници побараа реструктуирање на владата по мониторинг извештајот на Европската комисија за Бугарија минатата недела. Документот остро ја критикуваше земјата за несправувањето со корупцијата на високо ниво и организираниот криминал. Истиот го потврди и замрзнувањето на преку 800 евра помош. (БТА, Дневник, БНТ, БНР, Фокус, Медиапул, Дарик - 30/07/08)