30/07/2008
ТЕХЕРАН, Иран -- Турскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, во вторникот (29-ти јули) одржа билатерални состаноци во Техеран, на маргините од 15-тата Министерска конференција на движењето на неврзаните. Бабаџан дискутираше за билатералните односи и иранската нуклеарна програма за време на неговите состаноци со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и министерот за надворешни работи, Манучехр Мотаки. Бабаџан повика на користење на дијалогот за решавање на спорот во врска со иранската нуклеарна програма. Турција инсистира на тоа дека продолжувањето на разговорите помеѓу Иран и западните земји е од суштинска важност. (Tркиш прес, Хуријет, Сабах, Заман, новинска агенција Анадолу - 29/07/08)