30/07/2008
АТИНА, Грција -- Властите се сомневаат дека нова терористичка организација стои зад заканата со бомба во центарот на Атина, објавија локалните медиуми во средата (30-ти јули). Полицијата детонираше бомба пронајдена пред зградата на владата во областа Неос Космос во вторникот, откако некој три пати се јавил со предупредување во полицијата и медиумите. Според полицијата, новата терористичка група се обидува да ја подобри својата техника вршејќи експертиментални напади. Обидот за бомбашки напад од вторникот се поврзува со сличен таков инцидент во јуни, кога полицијата детонираше бомба пронајдена пред канцелариите на корпорацијата „Баер“ во Атина.
Во другите вести, земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Грција рано во средата, но не предизвика повреди, ниту материјална штета. Нејзиниот епицентар беше лоциран во морето, југоисточно од јонскиот остров Кефалонија. (Ин-њус, АНА-МПА, Нафтемборики, СКАИ, Катимерини, Та неа, АП - 30/07/08)