Американскиот амбасадор во Албанија вели дека полицијата мора да биде независна од политиката

30/07/2008

ТИРАНА, Албанија -- Политиката не треба да влијае на работата на полицијата, рече американскиот амбасадор во Албанија, Џон Витерс, во вторникот (29-ти јули), на конференцијата за политичката обука во Тирана. „Независноста на полицијата од какви било политички манипулации е основна за добивање на довербата на народот“, истакна тој, додавајќи дека клучот за владеењето на правото е да се има сигурен полициски персонал. Претставникот на ОБСЕ во Албанија, Роберт Бош, исто така, присуствуваше на конференцијата и ја повика полицијата да организира континуирана обука за да биде ефикасна во борбата против криминалот и корупцијата.

Во другите вести од вторникот, ММФ го издаде својот најнов извештај за Албанија. Во него се заклучува дека главните проблеми се нецелосните реформи во енергетскиот сектор и потребата за банкарски надзор. Локалните медиуми понатаму го цитираат извештајот дека Албанија мора, исто така, да го подобри своето раководење и судскиот систем и да се справи со имотните прашања. Сепак, општо земено, ММФ вели дека економските резултати на земјата се и понатаму позитивни. (Газета шкиптаре, Шкип, Шекули - 30/07/08; Топ ченал, Балканвеб, Алсат - 29/07/08)