30/07/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Парламентот ќе гласа за иницијативата за недоверба на владата на премиерот Сергеј Станишев доцна во среда (30-ти јули). Опозициските партии ја поднесоа иницијативата откако добија поддршка од повеќе од 30 пратеници, вклучително и претставниците на десничарските партии и 13 независни пратеници. Во иницијативата е наведено дека владата не успеала ефективно да управува со средствата на ЕУ и дека не е способна за исполнување на критериумите на ЕУ. Иницијативата ја поттикна минатонеделниот критички извештај на Европската комисија во кој се велеше дека Бугарија не успеала да се справи со корупцијата на високо ниво и организираниот криминал. (БТА, Дневник, БНТ, БНР, Фокус, Медиапул, Дарик - 29/07/08)