30/07/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, во вторникот (29-ти јули) објави дека процесот на реструктуирање на меѓународното цивилно присуство ќе биде одложен за неколку месеци. „Сега ние размислуваме за крајот на ноември или почетокот на декември како крајни рокови за комплетирање на оперативниот аспект на предавањето на сите надлежности. Мислам дека некои работи треба да ги направи ЕУЛЕКС бидејќи јас не можам да ги направам“, изјави Заниер за весникот „Коха диторе“.
Во другите вести, премиерот Хашим Тачи во вторникот им вети на парламентарците дека неделава ќе назначи нов министер за одбрана и потоа ќе именува шефови на агенцијата за разузнавање. Тој истакна дека институциите ќе бидат професионални и мултиетнички и ќе ги штитат сите косовски граѓани. (Коха диторе, Кохавижн, Експрес - 30/07/08; РТК, Кохавижн, ТВ 21 - 29/07/08)