Специјална комисија ќе го испитува пожарот во воз во Бугарија

22/07/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Специјална комисија ќе ја испитува причината за пожарот во понеделникот (21-ви јули) на возот што се движел од Пловдив за Софија, објави државната железница БДЗ. Пожарот довел до евакуација на околу 260 патници и екипажот. Железницата не објави евентуални жртви. Во февруари во пожар во воз загинаа девет лица, а беа повредени уште неколку други. (БTA, Фокус, Дневник, Медиапул, БТВ, БНР - 21/07/08)