Албанската полиција пресече синџир на трговија со луѓе

22/07/2008

TИРАНА, Албанија -- Полицијата во понеделникот (21-ви јули) уапси пет лица осомничени за формирање мрежа за нелегална имиграција за Грција и другите земји на ЕУ. Властите велат дека групата наплаќала по 3.000 евра на човек за премин на грчката граница.

Во другите вести од понеделникот, албанските пратеници одобрија дополнителни 164 милиони евра во буџетот. Премиерот Сали Бериша рече дека новите средства го покажуваат успехот на владините реформи во царинската и даночната администрација. Опозицијата ја бојкотираше седницата откако ја обвини владејачката коалиција дека не предвидела дополнителни средства за секторите каде се тие најпотребни. (Tоп ченал, Балканвеб, Њус 24, Алсат - 21/07/08)