22/07/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Кипар во понеделникот (21-ви јули) упати протест до ОН во врска со серијата прекршувања на државниот воздушен простор од страна на турските воени авиони за време на церемониите по повод годишнината во неделата на доаѓањето на турските војници во северниот дел од поделениот остров во 1974 година. Четири турски авиони Ф-5 одлетаа од аеродромот Лефконико во северниот дел од островот и надлетуваа над областите под контрола на Кипар, според Министерството за одбрана. Инцидентот се случи неколку дена пред клучниот состанок помеѓу кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат, кој е закажан за в петок. (КНА, АНА-МПА, Филелефтерос, Нафтемборики - 21/07/08)