Франција стави нова пречка на патот на Турција за пристап во ЕУ

22/07/2008

ПАРИЗ, Франција -- Доцна во понеделникот (21-ви јули) на заедничка седница на парламентот беше одобрен уставниот амандман предложен од претседателот Николас Саркози, кој според широкото мислење се смета за потег чија цел е да се попречи пристапот на Турција во ЕУ. Мерката предвидува одржување референдум во Франција за секоја спогодба со која се одобрува пристапувањето на нова членка во ЕУ. Оваа одредба, сепак, може да се избегне ако три-петтинско мнозинство во сенатот и долниот дом се одлучи за парламентарна ратификација, наместо ратификација преку референдум. Саркози се спротивставува на членството на Турција во ЕУ, инсистирајќи на тоа дека земјата не се наоѓа во Европа. Наместо полноправно членство, тој го поддржува „привилегираното партнерство“ за Турција. (Хуријет, Тајмс - 22/07/08, AFP, AP, DPA - 21/07/08)