22/07/2008
БЕРЛИН, Германија -- Европската комисија (ЕК) побара од Германија да ја објасни својата одлука за ограничување на бројот на романските и бугарски нискоквалификувани работници што ги прима до 2011 година, објавија романските и бугарските медиуми во понеделникот (21-ви јули). Германската влада побара од ЕУ да ги одложи своите рестрикции за источноевропските работници до 2011 година, и покрај тоа што на Германија итно й треба работна сила. „Германија мора да даде објаснување, и потоа јас ќе видам дали аргументите се убедливи“, изјави Владимир Спидла, комесар на ЕУ за вработување, социјални прашања и еднакви можности, за весникот Алгемајне Цајтунг во Бон во саботата. Земја-членка на ЕУ може да одлучи да ги затвори своите граници за странските работници до 2011 година ако владата докаже дека постои сериозен ризик за нарушување на пазарот на работна сила, додаде тој. (Хотњус, Њусин, Дневник, Сега, БТА, БНР - 21/07/08, AФП, Алгемајне Цајтуг - 20/07/08)