Месиќ се состана со високиот претставник на БиХ Лајчак

22/07/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Претседателот Стипе Месиќ во неделата (20-ти јули) се состана со Мирослав Лајчак, високиот претставник и специјален претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина (БиХ). Портпаролката на Месиќ, Данијела Баришиќ, објави по состанокот зад затворени врати во градот Саводрија дека тие разговарале за ситуацијата во БиХ и предупредиле за опасноста од евентуалните тенденции за дезинтеграција таму. Баришиќ рече дека Месиќ и Лајчак се согласиле дека меѓународната заедница треба да го обнови својот интерес за БиХ и дека преговорите треба да ги решат сите отворени прашања помеѓу Хрватска и БиХ. (Б92, Макфакс, Танјуг - 21/07/08; ХИНA - 20/07/08)