22/07/2008
ЗАГРЕБ, Хрватскa -- Динко Сакиќ, последниот преживеан командант на концентрационен логор од Втората светска војна, почина доцна во неделата (20-ти јули) во затворската болница во Загреб. Сакиќ (87) имал проблеми со срцето. Во 1998 година тој беше депортиран од Аргентина, каде што се криел од војната. Во 1999 година тој доби затворска казна во траење од 20 години за воени злосторства врз цивилите во Јасеновац, најозлогласениот хрватски концентрационен логор од Втората светска војна. Судот го прогласи за виновен за тортура, нехуман третман и убиства на цивили додека командувал со кампот помеѓу мај и октомври 1944 година. Сепак, Сакиќ никогаш не ја призна вината и инсистираше на тоа дека сите негови дејства биле во интерес на Хрватска. (24 Сата, Дневник, Вјесник, ХИНА, АП, Бета, Јавно, ДПА - 21/07/08)