Белград го покани шефот на УНМИК Заниер на посета

22/07/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Србија го покани новиот шеф на УНМИК Ламберто Заниер да го посети Белград, рече во понеделникот (21-ви јули) портпаролот Расел Гики. Тој рече дека посетата, која се очекува в среда, е прелиминарна посета со цел да се разговара за тоа како да се отпочне техничкиот дијалог со Приштина за темите наведени во неодамнешниот извештај за Косово на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.

Во другите вести, канцеларијата на народниот правобранител во Косово во својот годишен извештај заклучува дека судовите и министерствата се главни прекршители меѓу институциите во поглед на неефикасноста и кршењето на човековите права. Во извештајот, објавен во понеделникот, се заклучува дека јавните институции не успеале да ги решат имотните прашања.

Исто така во понеделникот, Косово започна со издавање на новите пасоши наместо досегашните пасоши на УНМИК. Пасошите се напишани на двата официјални јазици, албанскиот и српскиот, и чинат 25 евра. (Eкспрес, Лајм, Коха Диторе, Телеграфи, Косова лајв - 22/07/08)