Буш се состана со Сејдиу и Тачи

22/07/2008

ВАШИНГТОН, Соединетите Држави -- Претседателот Џорџ В. Буш во понеделникот (21-ви јули) им рече на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и на премиерот Хашим Тачи дека ќе й помогне на новата земја да добие пошироко признавање. „Јас сум силен поддржувач на независноста на Косово. Јас сум против каква било поделба на Косово. Силно верувам дека мисијата на Обединетите Нации [УНМИК] ќе й биде префрлена на ЕУ [мисијата ЕУЛЕКС] што е можно поскоро“, рече Буш по состанокот во Вашингтон. Сејдиу ја опиша својата прва посета на Соединетите Држави и приемот на Буш како нешто специјално. Тачи рече дека е горд на состанокот, кој, како што рече, ги зајакнува билатералните односи. Сејдиу и Тачи изразија благодарност за американската поддршка на Косово и ветија дека ќе изградат демократска земја која ги почитува малцинските права. (Коха Диторе, Зери, Експрес, Лајм - 22/07/08)