21/07/2008
ВАШИНГТОН, САД -- Мајкл Браун, шеф на операциите на Администрацијата за борба против трговијата со дрога, ја обвини терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) за вмешаност во трговија со дрога и други меѓународни мрежи на организиран криминал, објавија турските медиуми во неделата (20-ти јули). Организациите како што се ПКК, кои добиваат пари од трговијата со дрога, како и од нивното учество во тероризмот, може да се дефинираат како „хибридни“, рече Браун во петокот, за време на форумот за трговијата со дрога и блискоисточните терористички групи на Институтот Вашингтон.
Во другите вести, тројцата германски заложници од ПКК ослободени во неделата се упатија дома, објавија турските медиуми во понеделникот. Планинарите, киднапирани од милитантите на ОКК на 8-ми јули во источната провинција Агри, пристигнаа на аеродромот во источна Турција во придружба на германска делегација. Тие се очекува да отпатуваат за Анкара, а потоа да се качат на директен лет за Минхен. (Сабах, Заман, Хуријет, новинска агенција Доган - 21/07/08, Хуријет, новинска агенција Анадолу - 20/07/08)