ЕУ ќе ја критикува Романија за недостаток на напредок во борбата против корупцијата

21/07/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Во извештајот на Европската комисија (ЕК) што ќе биде објавен во среда (23-ти јули) ќе биде предложено одложувањето на романскиот пристап во Шенген областа ослободена од пасоши и евро зоната, ако не биде постигнат напредок во нејзината борба против корупцијата, објавија романските медиуми во понеделникот. За првпат од почетокот на преговорите, Романија и Бугарија може да добијат одделна оценка, наместо како „пакет“, објавија медиумите. Според првичните извештаи, Романија ќе добие критики за корупција, но нејзините прекршувања нема да ја активираат заштитната клаузула. Бугарија, пак, ќе се соочи со финансиски санкции. (Nine o'clock, Mедиафакс, Адеварул, БТА - 21/07/08)