Турскиот суд ќе го одреди датумот за случајот на АКП во вторник

21/07/2008

AНКАРА, Турција -- Уставниот суд во вторник (22-ри јули) ќе одржи состанок за да го одреди датумот за случајот на затворање против владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), според НТВ. Членовите на судот го испитаа извештајот за случајот поднесен од известувачот Осман Чан, кој препорача да не се забранува партијата. Одредувањето на датумот за расправата претставува последен чекор во процесот. Најмалку седум од 11 членови на судот се очекува да го поддржат затворањето, објави весникот Хуријет. АКП се соочува со обвиненија за поткопување на секуларниот карактер на Турција.

Во другите вести, гувернерот на Трабзон Нури Окутан дозволи истрага за двајца жандармериски офицери осомничени за занемарување на своите должности и со тоа преземање на улога во убиството на турско-ерменскиот новинар Хрант Динк, објавија во понеделникот локалните медиуми. Истрагата ќе се фокусира на поранешниот командант на провинциската жандармерија, полковник Али Оз, и поранешниот директор на разузнавањето, поручник Метин Јилдиз, кој наводно дознал за заговорот против Динк месеци пред неговото убиство во јануари 2007 година. (НТВ, Хуријет, Сабах, Заман - 21/07/08)