21/07/2008
НИКОЗИЈА, Грција -- Официјалните претставници на кипарските Грци во неделата (20-ти јули) ја осудија посетата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на северниот дел од поделениот остров. Ердоган присуствуваше на церемонијата на одбележување на пристигнувањето на турските војници во северниот дел од островот на 20-ти јули 1974 година. „Нелегалната посета на Ердоган во окупираните области на Кипар не помага за создавање на најдобри можни услови за кипарското решение“, рече кипарскиот претседател Деметрис Христофиас во неделата. Тој и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, треба да се состанат в петок на последен преглед на подготовките за разговорите за повторно обединување. (КНА, Филелефтерос, Политис, АНА-МПА, Катимерини - 20/07/08)