21/07/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски му напиша писмо на претседателот на Европската комисија (ЕК) Мануел Баросо во врска со признавањето на македонското малцинство во Грција, објавија локалните медиуми во неделата (20-ти јули). Ова писмо доаѓа веднаш по она што Груевски му го испрати на својот грчки колега, Костас Караманлис, за ова прашање. Во своето писмо до Баросо, Груевски вели дека грчките власти ги оспоруваат правата на Македонците и нивниот идентитет со години, спротивно на меѓународното право. Тој побара од претседателот на ЕК да загарантира заштита на правото на слободно изразување на етничката припадност во Грција. „Ние очекуваме од Грција, како членка на ЕУ и НАТО, да почне да ги исполнува препораките на Европската комисија“, пишува Груевски. (Вечер - 21/07/08; A1 - 20/07/08)