БиХ треба да го ратификуваат ДСА до крајот на месецов

21/07/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Двата дома на државниот парламент на БиХ планираат заедничка седница -- евентуално оваа недела -- за ратификување на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) потпишан со ЕУ на 16-ти јуни, рече во неделата (20-ти јули) заменик-претседателот на Претставничкиот дом, Бериз Белкиќ. Белкиќ, исто така, рече дека откако ќе биде одобрен ДСА, парламентот ќе расправа за акционен план за негово спроведување. Сите земји-членки на ЕУ мора, исто така, да го ратификуваат овој договор. Привремениот договор за царинските такси и извозните квоти стапи на сила на 1-ви јули. БиХ, исто така, отвори разговори за либерализација на визниот режим со ЕУ. (Независне новине - 21/07/08; РТРС - 20/07/08)