Јеремиќ ќе предложи враќање на амбасадорите во земјите на ЕУ што го признаа Косово

21/07/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во неделата (20-ти јули) објави дека ќе предложи амбасадорите вратени од земјите на ЕУ што го признаа Косово да бидат вратени на своите позиции. „Министерството ... одлучи да предложи на својата следна седница в четврток да се вратат српските амбасадори во земјите на ЕУ што беа повикани [во Белград] на консултации“, им рече Јеремиќ на новинарите, додавајќи дека со тоа ќе се подобрат врските со ЕУ кои непотребно беа заладени со одлуката на претходната влада.

Претставникот на Демократската партија на Србија, Слободан Самарџиќ, кој е министер за Косово, во неделата рече дека предлогот на Јеремиќ претставува „капитулација“ за Србија. (Б92, Бета, РИА Новости, АФП, Танјуг, АП - 20/07/08)