Љајиќ вели дека Србија не знае каде се бегалците Младиќ, Караџиќ и Хаџиќ

21/07/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Ниту еден официјален претставник во Србија не знае каде се кријат преостанатите бегалци на Хашкиот трибунал за воени злосторства, рече шефот на српскиот национален совет за врски со Трибуналот на ОН за воени злосторства, Расим Љајиќ, во неделата (20-ти јули) во интервју за Танјуг. „Ние не велиме дека тројцата обвинети -- Ратко Младиќ, Радован Караџиќ и Горан Хаџиќ -- не се во Србија, но не можеме да кажеме со 100-процентна сигурност дека тие се во земјата“, рече Љајиќ. „Овде не се работи за тоа дека Србија бара алиби. Факт е дека ние немаме вистинска причина да не ги уапсиме тројцата“, објасни Љајиќ, потсетувајќи дека Србија предала 43-ца обвинети на Хашкиот трибунал, вклучително и високи воени, полициски и политички официјални претставници.

Исто така во неделата, началникот на полицијата на Република Српска, Урош Пена, негираше дека Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ се во Босна и Херцеговина (БиХ). „Во овој момент сигурно е дека ниту еден од тројцата бегалци обвинети за воени злосторства ... не се наоѓа на територијата на БиХ“, изјави Пена за сараевскиот весник Дневни аваз. (Taнјуг, Дневни аваз, Макфакс, Бета, РТРС, РТС, Блиц - 20/07/08)