Романците ќе добијат биометрички пасоши од 2009 година

20/07/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Романците ќе добијат биометрички пасоши од 1-ви јануари 2009 година, објави во петокот (18-ти јули) претседателот Трајан Башеску. Новите пасоши ќе вклучуваат отпечатоци од прстите и скенирана фотографија на сопственикот. Според нејзините обврски како членка на ЕУ, Романија требаше да воведе биометрички пасоши во јануари 2007 година, но таа не успеа да го запази крајниот рок. Ќе има три вида нови документи за идентификација -- едноставни, дипломатски и бизнис. (Адеварул - 19/07/08, Mедиафакс, Ромпрес - 18/07/08)