Албанија сака финансиски средства од НАТО и ЕУ за уништување на старата муниција

20/07/2008

ТИРАНА, Албанија -- Албанија во петокот (18-ти јули) побара финансиска помош од членките на ЕУ и НАТО за уништување на околу 100.000 тони старо оружје и муниција кои го загрозуваат населението. На албанското Министерство за одбрана ќе му требаат околу 33 милиони евра за уништување на оружјето и муницијата во 25 складишта, им рече министерот за одбрана, Газменд Окета, на амбасадорите на земјите од НАТО во Тирана. Окета предвиде завршување на процесот до 2015 година. Во серија експлозии во складиште со муниција во Гердец на 15-ти март загинаа 29, а беа повредени 300 луѓе. (Maкфакс, A1 - 18/07/08)