Хрватска ги отфрли хашките обвинувања за судскиот процес против генералите

20/07/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Хрватска во петокот (18-ти јули) ги отфрли тврдењата на Хашкиот трибунал дека го попречува судскиот процес против пензионираните генерали Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач, кои моментно се соочуваат со обвиненија за вршење воени злосторства за време на хрватската офанзива од 1995 година позната како операција „Бура“. Во јуни обвинителството побара од судската комисија да издаде обврзувачка наредба за предавање на документацијата и дневниците поврзани со активностите на хрватската специјална полиција за време на операцијата „Бура“ во 1995 година. Хрватскиот амбасадор во Холандија, Фране Кринц, рече дека барањето е „непотребно и неосновано“ и дека Загреб целосно соработува со Хашкиот трибунал. (Б92, Taнјуг, Хинa - 19/07/08)