Офицери на турската армија под истрага

20/07/2008

AНКАРА, Турција -- Канцеларијата на воениот обвинител започна истрага за неколку армиски офицери за формирање нелегална организација, објави весникот Акшам во петокот (18-ти јули). Случајот можеби е поврзан со истрагата за таинствената секуларистичка група Ергенекон, која наводно планирала државен удар против происламската влада. Според новинскиот извештај во 2005 година Државната агенција за разузнавање испитала повеќе од 20 воени офицери кои, наводно, ковале заговор за формирање нелегална организација. Турскиот Генералштаб ја опиша приказната како „обид на некои кругови да ја прикажат војската како непријател на државата“. (Хуријет, Заман, Милијет, Полигазете - 19/07/08, Aкшам - 18/07/08)