20/07/2008
АТИНА, Грција -- Грчките погранични власти во саботата (19-ти јули) одбија да й дозволат на група македонски новинари да влезат во земјата, објавија македонските медиуми. Телевизиските новинари и новинарите на некои весници сакале да го снимаат собирот на бегалците по Втората светска војна од Егејска Македонија во северните села кај Лерин и Мелити. Пограничните власти на новинарите им рекле дека немаат соодветна акредитација за да влезат во Грција. Претходно во саботата, некои грчки телевизиски канали кои сакаат да влезат и да ја снимат прославата на Егејците-бегалци во Скопје, не добија дозвола да влезат во Македонија.
Премиерот Костас Караманлис остро ја отфрли можноста да се разговара за постоењето на македонско малцинство во Грција. „Нема и никогаш немало македонско малцинство го Грција“, рече тој. Неговата изјава беше одговор на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски, кој ја повика Атина да го признае македонското малцинство во земјата.
Во другите вести, двајца американски сенатори ја одложуваат номинацијата на Филип Рикер за амбасадор во Македонија, поради тековниот македонско-грчки спор околу името. Извори ги идентификуваат овие пратеници како републиканката Олимпија Сноу и демократот Роберт Менендез. АП го цитираше писмото, испратено од канцеларијата на Сноу до државниот секретар Кондолиза Рајс, во кое се критикува администрацијата на Буш за признавањето на Македонија како „Република Македонија“ во 2004 година. (Maкфакс, А1, Дневник, Мина, Катимерини, АНА-МПА, Филелефтерос - 19/07/08, AП, А1, УСА Тудеј, In.news, Филелефтерос - 19/07/08)