Српската полиција спречи заговор за помош на убиецот на Ѓинѓиќ да избега од затвор

20/07/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Српската полиција спречи заговор за помош на Милорад Улемек, кој го уби покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, да избега од затвор, објавија во саботата (19-ти јули) Вечерње новости. Криминална група, наводно, добила 2 милиони евра за да направи заседа на конвојот што го превезувал Улемек, кој одлежува доживотна казна затвор, од централниот затвор до судот. Полицијата добила информации пред неколку месеци и ги зајакнала безбедносните мерки. Тие уапсиле осомничен во заговорот кој е, наводно, ставен во притвор откако пронашле експлозиви и оружје во неговиот стан.

Во другите вести, полицијата во петокот уапси маж осомничен дека му се заканувал со убиство на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Дачиќ, водач на Српската социјалистичка партија (СПС) во саботата рече дека неговата партија ќе потпише декларација за помирување со Демократската партија (ДС) до крајот на јули, објавија српските медиуми. Дачиќ рече дека декларацијата на СПС и ДС ќе биде „стратешки документ кој ќе дефинира каква Србија сакаме“. (Б92, Вечерње новости, Бета, АФП, ФоНет, Макфакс - 19/07/08Б92, Taнјуг - 20/07/08)