Србија протестираше поради реструктуирањето на УНМИК

20/07/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во саботата (19-ти јули) рече дека протестирал до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, поради започнувањето на реструктуирањето на УНМИК без согласност на Белград на состанокот во петокот. Ако реструктуирањето е воопшто и потребно, тогаш Белград мора да биде дел од овие преговори, рече тој. Јеремиќ најави дека ќе го покани шефот на УНМИК, Ламберто Заниер да го посети Белград следната недела. Српскиот дипломат предложи нов круг разговори помеѓу Србија и ОН со цел постигнување договор за меѓународното присуство во Косово. Белград нема да ја промени својата позиција за Косово за да влезе во ЕУ, рече Јеремиќ во интервју за новинската агенција Интерфакс во саботата. (Б92, ФоНет, Бета, Танјуг, Интерфакс - 19/07/08)