ПКК ги ослободи киднапираните германски планинари

20/07/2008

АНКАРА, Турција -- Тројцата Германци, киднапирани од припадниците на Курдистанската работничка партија (ПКК) минатата недела, беа ослободени во неделата (20-ти јули). Министерот за надворешни работи, Али Бабаџан, му се јави на својот германски колега, Френк-Волтер Стајнмаер, за да го информира за ослободувањето. Курдските милитанти ги киднапираа планинарите на 8-ми јули, како одмазда за неодамнешните активности на Берлин против сојузниците и поддржувачите на ПКК во Германија.

Во другите вести, милитантите од забранетата сепаратистичка Курдистанска работничка партија (ПКК) во саботата убија четири лица и ранија девет други во нападот на село во југоисточната покраина Бингол, објавија турските медиуми. Најверојатниот мотив е крвна одмазда помеѓу селата, рече гувернерот на Бингол, Ирфан Балканлиоглу. Десет други припадници на ПКК загинаа во вооружените претстрелки со безбедносните сили во северноисточна Турција во петокот, од кои шестмина во провинцијата Сиирт. (AФП, Ројтерс, Хуријет - 20/07/08, Заман, Хуријет, новинска агенција Доган, АФП, Ројтерс - 19/07/08)