Ердоган и Талат се согласија за кипарското решение

20/07/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, во саботата (19-ти јули) рекоа дека решението за кипарскиот проблем треба да се базира на принципот „две еднакви држави и две еднакви заедници“. Двајцата водачи се состанаа во Никозија, каде што Ердоган присуствуваше на церемонијата со која се одбележа пристигнувањето на турските војници во северниот дел од поделениот остров на 20-ти јули 1974 година. Двајцата водачи рекоа дека се надеваат оти состанокот помеѓу Талат и претседателот на кипарските Грци Деметрис Христофиас в петок ќе биде почеток на сеопфатните разговори за повторно обединување. (Хуријет, АФП, Заман, Фамагуста газете, КНА, Филелефтерос - 19/07/08)